Филипче објави кога ќе бидат отворени границите со Грција

Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека има најави од Грција дека границите за македонските граѓани ќе бидат отворени на 14 мај и тоа Дојран и Богородица.

Меѓутоа за сите кои ќе сакаат да одат кај нашиот јужен сосед, ќе биде задолжително покажување на потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест.

„Имаме честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а разговаравме и со грчкиот министер за туризам Теохарис. Во врска со мерките, ме извести дека двете граници да ги отворат на 14 мај за граѓаните од Македонија во Дојран и Евзони. Но ќе биде задолжително потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Тоа земав обврска да видиме какви ќе бидат нашите потврди за вакцинација и листата на овластени лаборатории кои може да даваат ПЦР тест.“, рече Филипче.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде