Филипче најави бесплатно испитување на антитела, но за одредена група граѓани

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе има испитување за присуство на антитела на Институтот на имунобиологија на товар на Фондот, но тоа ќе биде за одредена категорија на лица.

Министерот на прес-конференција пред „А1 арената Борис Трајковски“ кажа дека по разговарите со директорите на Фондот и на Институтот, и се согласиле оти треба да продолжи праксата овие тестови да бидат покриени од државен трошок, но оти ќе мора да се воведат категории.

„Ќе мора да се воведат категории за да не го прави секој тој тест, како на пример, дали лицето прележало ковид-19, дали треба индикација за вакцина и слично. Но, секако ќе дадеме одредени категории“, рече Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде