Филипче: Изенаден сум од изјавата на Пендаровски, сликите од Србија не се срам

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил реагираше на изјавата на Пендаровски во која кажа дека вакцинацијата на наши сограѓани во Србија е срам за државата.

„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја.

Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана.“ – напиша Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде