Филипче: Има пациенти со страшни манифестации,какви што докторите досега не виделе

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска беше во посета на СЦ „Борис Трајковски” каде што задутре ќе почне масовна имунизација.

Тој во изјавата за медиумите напомена дека во моментот болниците се преоптоварени како никогаш од почетокот на епидемијата и дека има пациенти со страшни манифестации,какви што докторите досега не виделе.

„Болниците се преоптоварени како никогаш од почетокот на епидемијата. Колегите прават се. Има пациенти со многу тешка форма, се лекуваат согласно стандардите, но за жал, и покрај преземените мерки, кај некои лекувањето нема ефект.

Има пациенти со клиничка слика и страшни манифестации на белите дробови и крвта какви што пулмолозите и колегите инфектолози досега не виделе. Нема ефект од терапијата и, кога состојбата ќе се влоши, и покрај се што се прави, нивните животи не можат да се спасат.“ – рече Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде