Филипче ги соопшти мерките кои ќе важат од утре

Министерот за здравство за телевизија Сител соопшти дека полицискиот час продолжува од 22 часот до 05 часот наутро, но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции.

Тој рече дека засега остануваат истите мерки, а во текот на неделата ќе се разговара за евентуални построги мерки.

„Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикција ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови.“ – рече Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде