Гости вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 се министерот Венко Филипче, и пулмологот д-р Дејан Докиќ. Се разговара за различни теми поврзани со коронавирусот, а неизбежна тема е вакцинацијата.
Филипче истакна дека очекува до крајот на месец април, очекувањата се да пристигнат 300 илјади вакцини.
„Во Србија има претставништо на Фајзер, и можеби тоа е причина зошто најрано од сите стигна до вакцини. Во Албанија има вакцини кои стигнаа од Фајзер, од Ковакс, и стигнаа преку Турција. До крајот на овој месец очекуваме да дојдат близу 300 вакцините, тоа се 200 илјади од кина, 76 илјади од КОВАКС, и 25 илјади од ЕУ. Дефинитивно да е тоа планот, кога ќе почне имунизацијата да не престане“, рече Филипче.
Извор: ТВ21