Филипче: Апелирам до верниците оваа година да останат дома

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва гостуваше во „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Филипче упати апел до верниците да останат дома, односно да не се групираат во цркви и џамии за време на празниците кои предстојат.

“Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме.

Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби“, рече Венко Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде