Фетаи не ја избраа за обвинител кај Русковска, доволно гласови доби Стефанова

Денеска на седница на Советот на Јавни обвинители се гласаше за 5 јавни обвинители при Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пренесува ТВ21.

На оваа седница не беше избрана обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа доби само 4 гласа „За“, при што не го доби потребниот глас за да биде избрана за јавен обвинител.

На оваа седница со 10 гласови „За“ и само еден против, беше избрана Лиле Стефанова за јавен обвинител.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде