Фатена порака од телефонот на Рашковски: „Зборувај стручно да не те разберат, обвинителите се глупи“

Поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски од куќен притвор, мерка што му беше определена за истрагата за набавката на софтверот, е однесен во истражниот затвор во Шутка.

„Никогаш не сме аргументирале толку педантно и толку обемно дека првоосомничениот е имотен, може да бега и спокојно да живее во бегство и оти може да влијае врз сведоците во постапката што се води против него. Истото се однесува и за второосомничениот, изјави за СДК.мк Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска.

САКАМДАКАЖАМ.МК од судско-обвинителски извори дознава дека четвртоосомничениот во истрагата не успеал да го форматира телефонот пред да му се одземе и била пронајдена порака која Рашковски му ја пишал: „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде