Фајзер се уште не го потпишува договорот со Македонија

Компанијата „Фајзер“ се уште не го потпишале договорот со Македонија за набавка на вакцини против Ковид-19.

Последното барање кое пристигнало од компанијата е дека во случај на несакани ефекти, Македонија треба да преземе одговорност за обештетување на пациентите. 

Па така, долгонајавуваните вакцини од „Фајзер“ веројатно нема да пристигнат до крајот на март. Останува надежта дека преку Ковакс платформата ќе пристигне првата пратка од вакцините на Астра Зенека.

Министерот Филипче од друга страна најавува дека договорот со „Фајзер“ е пред финализирање.

„На 30 декември имавме комуникација кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и од тогаш траат тие разговори. Ние го потпишавме договорот и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација“, рече Филипче.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде