Еве зошто на крајот од секоја молитва го кажуваме зборот АМИН

Се работи за термин кој во минимално изменета форма се изговара од милиони христијани ширум светот и постои илјадници години, но – што значи зборот „амин“?

„Амин“ е збор што се изговара на крајот (понекогаш на почетокот) на секоја христијанска молитва, но постои и во другите религии. Основното, дуxовно значење на овој поим е „Нека биде така!“ или “Точно е!”

Затоа, амин е симбол на согласност и потврда. Овој термин потекнува од хебрејскиот јазик, потекнува од зборот од зборот „āmēn“ што значи „цврстина“ или „одлучност“, но во тој јазик се користел и со значењето „Така е“, „Нека биде така! ”

Всушност, „амин“ кај древните Евреи изразувал желба наместо сигурност. Терминот значел дека сметаме дека нешто што е кажано е вистина, па може да значи и „Навистина е така“ или едноставно – „Да!“

Според толкувањето што може да се најде во речникот, има и такви кои веруваат дека херберискиот збор „āmēn“ потекнува од почетоците A (l), ME (leh) и N (eman), што значи „Бог, крал достоен за обожување“.

Терминот се користи и во Светото писмо, а во Апокалипсата е синоним за самиот Исус Христос.

Денес „амин“ стана симбол на целосна посветеност на христијанската вера, во иста смисла се изговара во синагогите, а го има и во иcламот. Во kабалата тоа е магичен збор.

Во преносна смисла, во секојдневниот говор „амин“ може да значи и „Завршена работа! или “Готово!”

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде