Приходите на шефот на руската држава се покажаа за 268 илјади рубли поголеми отколку во 2019 година, кога Путин декларираше приход од 9 милиони 726 илјади рубли.
Приходот на рускиот претседател во 2017 година останува рекорден – повеќе од 18,7 милиони рубли, но во таа сума влегуваат и средствата од продажба на парцела од 15 хектари.
Списокот со имотот на рускиот претседател во декларацијата не е променет. Има стан со површина од 77 квадратни метри и гаража со површина од 18 квадратни метри, две стари возила, Волга ГАЗ М21, џип Нива и приколка Скиф.
Претседателот користи стан од 153,7 квадратни метри и гаража од 18 квадратни метри Сите овие објакти се наоѓаат во Русија.
Во 2018 година, приходите на Путин изнесуваа скоро 8,65 милиони рубли, во 2016 година – скоро 8,86 милиони рубли, во 2015 година – скоро 8,9 милиони рубли.
Претходно, приходот на шефот на руската држава беше помал: во 2013 година – 3,6 милиони рубли, а во 2014 година, по зголемувањето на платата на претседателот и премиерот, чии плати во тоа време заостануваа зад приходите на нивните подредени – 7,6 милиони рубли.
Рускиот премиер Михаил Мишустин заработил 19 милиони и 853 илјади рубли во 2020 година (околу 210 илјади евра).
Портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков, има приход над 12,5 милиони рубли.