Еве какво време не очекува денеска и во следните денови

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Потоа во следните денови во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, минималните ќе бидат значително пониски, и тоа особено утре наутро кога ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на пораст, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде