Ефтов: Не сте големи Македонци ако испиете четири пива и имате тетоважа со знамето на Вергина

Познатиот новинар и водител на емисијата ,,Во центар”, Васко Ефтов, во вчерашната емисија направи анализа на состојбата околу пописот.

Вие не треба да се попишете од страв, туку од срам, дека ако не се попишете бројот на процентот на Македонците на пописот во Македонија ќе биде многу помал отколку што е реалната бројка. Не постои поголема глупост да им се заканувате на Македонците дека ќе ги казнувате ако не се попишат. – кажа тој.

Во емисијата се осврна и на односите со Бугарија и ги повика Македонците на попишување, истакнувајќи дека голем Македонец не се станува ако се има тетоважа со знамето на Вергина, се испие четири пива и се објават неколку фотографии на социјалните мрежи.

Тој кажа дека ги разбира граѓаните кои имаат Бугарски пасош од егзистенцијални причини, но кажа и дека заради таквите граѓани, останатите кои немаат таков пасож, се срамат пред Бугарските функционери.

Целата емисија може да ја погледнете на следниот линк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде