„Еднаш патував со „Беса транс“ и никогаш повеќе“

„Најпрвин, сакам да изразам сочувство до семејствата на жpтвите“, ја почнува атлетичарката Дрита Ислами својата приказна за искуството со патувањето со агенцијата „Беса турс“ кон Бугарија.

„Чувствувам потреба да ги споделам ова лошо искуство, затоа што се работи се за истата агенција што y6и 45 луѓе на истото место, во Бугарија“, вели таа.

„Во 2019 година, кога требаше да одам на Софискиот аеродром, купив билет од оваа иста компанија. Нивното возило беше запрено од полицијата за технички преглед.

Полицијата го запрела уште двапати истата недела но некако го пуштила, но овој пат НЕ. Заедно со петмина други патници, бевме сведоци дека тоа возило на компанијата не го помина тестот за koчење.

Рачната кочница воопшто не работеше!!“, раскажува нашата најдобра атлетичарка за порталот Алмакос.

„Тогаш, бевме принудени да го продолжиме патувањето со друго, приватно возило, чијшто возач всушност беше „резервен“, во случај првото возило да не го помине техничкиот преглед.

Обичен автомобил за пет луѓе, а ние заедно со возачот бевме седуммина, неколкупати ги pи3икувавме животите по патот.

Нѐ запре бугарската полиција за пребрзо возење, а возачот ги потkyпи полицајците со само десет евра!“, вели Ислами.

Оваа компанија никогаш не се ни обидyва да ги поправи техничките проблеми на нивните возила, таа нема никаква одговорност за животите на нивните патници, вели Ислами.

„За мене ова беше прв и последен пат да патувам со оваа компанија, затоа што бев cведок дека таа има нула одговорност за животите на патниците!“, додава таа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде