„Еден маж викаше ‘Сине, сине’, сакаше да влезе во автобусот но не му дозволив…“

За тоа што се случило во трагичната ноќ раскажуваат двајца од очевидците на несреќата на автобусот во кој загинаа 46 лица.

Во понеделник навечер пред вторник Валентин Георгиев од Сандански патува од Софија до Благоевград. Работи како курир.

„Најпрво мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Да не ве излажам, ама сигурно беа 2-3 метри. Силен пожар“, вели Валентин Георгиев.

„Камионот ми беше на стотина метри од запалениот автобус. Кога се симнав, слушнав врисоци. Преживеаните врескаа и плачеа.

Лицата им беа облеани во крв, објаснува сведокот, кој се нашол прв во близина на автобуската несреќа во Бугарија и им помогнал на преживеаните, објави бугарска „Нова“.

Лицето било веднаш до запалениот автобус, пред да пристигнат полицијата и пожарникарите.

-Имаше две девојки на околу 20 години. Едната беше потешко повредена. Едно од момчињата ја носеше девојката на раце, но ја испушти бидејќи и тој имаше повреда на ногата и едвај се движеше.

Јас ја преместив до крајот на автопатот. Мислам дека ѝ беа скршени нозете. Еден од мажите викаше „Сине, сине“, очигледно неговиот син бил во автобусот.

Тој дури сакаше да влезе внатре, но јас го спречив. Единственото нешто што можеше да се слушне од автобусот беше како стаклата се кршат од самата температура и како сето гореше, додал сведокот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде