Две лица повредени во тешка сообраќајка

Две лица се повредени и пренесени во Градската болница по сообраќајната незгода која се случила на локалниот пат помеѓу скопските села Кондово и Радуша.

Сообраќајката се случила помеѓу возило „Форд Мондео“ управувано од Б.А.(36) од Радуша и возило „Венто“ управувано од Л.Љ.(28) од село Сарај.

По незгодата сопатникот од патничко моторно возило „Венто“ – И.Љ.(52) од Сарај, и возачот на патничко моторно возило „Форд Мондео“ – Б.А. биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде што кај И.Љ. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.А. биле констатирани повреди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде