Физичка пресметка на две баби во Охрид – еве ги деталите

Несекојдневен настан се случил близу Охрид. Имено, по кратка вербална расправија меѓу две возрасни жени, почнала и физичка пресметка. Откако завршил настанот, една од учесничките пријавила во полиција, за што има и соодветен поднесок.

На 01.04.2021 година во 18.30 часот во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир во охридското село Косел со физички напад извршен од И.Т.(69) врз Р.Ј.(81), двете од истото село.

Против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпарол на СВР Охрид, Стефан Димоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде