Двајца фаворити за наследник на Флик

Ханси Флик после натпреварот против Волфсбург соопшти дека на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен.

Флик не ја откри причината за неговото заминување, но потврди дека спогодбено ќе го раскине договорот со Баварците на крајот на сезоната.

Баерн Минхен веќе ја започна потргата по негов наследник, а германските медиуми пренесуваат дека изборот ќе биде меѓу двајца тренери.

Прв кандидат за нов тренер е Макс Алегри. Италијанските медиуми пренесуваат дека челните луѓе на Баерн веќе оствариле контакт со Алегри, кој е слободен после заминувањето од Јувентус.

Румениге верува дека трофејниот Италијанец би бил идеално решение за клупата на Баварците.

Другиот кандидат е Јулијан Нагелсман, кој подолго време се поврзува со клупата на Баварците. 33-годишниот стратег со успех го води Лајпциг и смета дека е вистински момент да направи чекор напред во кариерата.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде