„Два од два“ за Македонија: Литванките не беа достоен противник!

Македонската репрезентација денес запиша нова уште повисока победа од вчерашната.

Литванките денес не можеа да бидат достоен противник на нашите девојки. Првиот дел беше нешто понеизвесен и тој заврши со предност за нашите ракометарки од 15:12.

Второто помина во наша доминација и како што одминуваше времето само ја зголемувавме предноста. На крајот го добивме натпреварот со 10 гола разлика (31:21).

И денес како и вчера најефикасна во нашите редови беше Сара Ристовска која постигна осум гола.

Со овој триумд ракометарките го обезбедија пласманот во баражот за Светското првенство кое ќе се игра во Шпанија и таму ќе се надеваме дека ќе не посака среќата и ќе добиеме нешто полесен противник.

Од овој турнир кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одиграме уште еден натпревар, утре против селекцијата на Грција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде