Драма во Кочани за време на полициски час, има и повредени

Вистинска драма среде полициски час се случувало синоќа во Кочани јавува порталот Инфомакс кој објави информации за вооружен конфликт и неколкумина повредени.

Според порталот пукањето се случило откако локалното население ја зело „правдата“ во свои раце.

Веќе подолго време има тензии помеѓу месност Трајаново Трло и Усова чешма каде едни покрај други живеат припадници на различно население според етничка припадност.

Локалното население повеќе пати барало заштита од локалната полиција поради се почестите кражби од страна на соседското население при што доаѓало до тензии.

Ситуацијата ескалирала откако граѓанин бил фатен на лице место како краде за време на полицискиот час. После настанот фатениот се вратил со повеќе лица назад на местото на кражбата со цел да се пресмета со локалното население. Напаѓачите со себе носеле хебли, палки и секира со цел да се пресметаат со населението кое го фатило крадецот.

Ова резултирало со меѓусебна физичка пресметка на двете групи и со четворица повредени, а се слушнале и неколку истрели од огнено оружје. Нема информации за тоа во каква состојба се наоѓаат повредените од пресметката и дали има лица со прострелни рани, јавува Инфомакс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде