Др Пановски pacпали: Од прележаните само 8 починати, од вакцинираните – 400!

Микробилогот Никола Пановски во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 истакна дека повеќе починале вакцинирани граѓани, отколку тие што го прележале опасниот Ковид 19.

Прашувам зошто се зема kpвна плазма само од прележаните. Зошто вакцинираните не даваат плазма?, прашува д-р Никола Пановски во емисијата „Само вистина“.

Според него, само во Македонија се ограничуваат луѓе кои вистински прележале и имаат антитела.

-Колку починаа од прележаните – 8. Колку починаа од комплетно вакцинираните, кои нели имаат 5,5 повеќе пати антитела – околу 400.

Разликата е таа. Имунитетот на вакцината трае 6 месеци, но исто и од прележувањето. Не викам да не се вакцинирааат и ги повикувам тоа да го сторат.

Но не може да се ограничуваат прелажаните. Ниту еден од тие што прелажале не се заpaзиле повторно во првите 6 месеци. Реткост е значи, истакна Пановски.

Д-р Никола Пановски смета дека новите предлог-мерки против Ковид-19 што ги најавува Министерството за здравство, се еден вид кампања за вакцинација, но ж ал за изостанала стимулативната и едукациската.

-Не знам што останавме без такви кампањи. Ова е пpиcилна вакцинација и ги ограничува правата на граѓаните. Европскиот суд за човекови права вели дека тоа може да се направи, но прво мора да има закон.

Постојат задолжителни вакцини за здравствените работници, кои што не ги примиле сите и никој не бил kaзнет или оп0менат. Постојат протоколи за специјални професии.

Спорно е зошто овие мерки ќе важат само за јавните установи. Треба за сите да бидат. Некој работи во ЕСМ и Водовод и треба да прими вакцина, а некој работи во Т-Mobile и не мора да прими вакцина.

Мерките не треба да бидат преpeстриктивни, ако нема потреба, потенцира Пановски во емисијата „Само вистина“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде