Фејсбук статус на Д-р Елена Павлевска вработена на Клиниката за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања:
Обично не пишувам статуси, но осеќам морална и професионална одговорност да се обратам иако е нешто по полноќ, и додека пишувам плачам како мало дете.
Сакам најпластично да ви објаснам каква е работата на медицинскиот персонал во ковид центри овој период – СЕ МОЛИМЕ НА СИТЕ БОГОВИ ДА НЕ ПОЧИНАТ ПАЦИЕНТИТЕ!Сѐ правиме, даваме и повеќе од себе…едноставно вирусот е вон секаква контрола и не бира возраст.
Седете дома, носете маски и гледајте некако да се вакцинирате. Сите сме ризична категорија.
Вие гледате само бројки на социјалните мрежи, ние ги гледаме лицата и расплаканите фамилии на тие бројки. И нема доволно силен човек за да се носи со сето тоа. Кога лекарите молат за помош, треба да ја сфатите работата сериозно.
…а молиме предолго веќе.