ОВЕН
Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис, правите тајни планови врзани за соработка со странство.
Љубов: Ако сте во врска, максимално сте посветени на саканата личност.
Здравје: Чувајте се од инфекции.
БИК
Работа: Поволен ден за завршување на судски процес. Чувствувате олеснување со оглед дека решението е донесено во ваша корист.
Љубов: Ако сте слободни, нема никакви промени на емотивното поле, и покрај вашата дружељубивост.
Здравје: Стабилно здравје.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ве очекуваат тајни финансиски трансакции. Таинствени сте кога е работата во прашање.
Љубов: Брачниот партнер размислува за заминување во странство, а вие ја поддржувате идејата.
Здравје: Урогениталниот тракт е чувствителен.
РАК
Работа: Максимално сте посветени на работата со тоа што уживате во обврските. Се тече глатко, и сигурни сте дека и резултатите ќе бидат одлични.
Љубов: Брачниот партнер е загрижен поради враќањето на кредитот.
Здравје: Ви годи рекреација и се чувствувате добро.
ЛАВ
Работа: Ве очекува прилив на пари. На работа нема некои значајни случувања, се се одвива според планот.
Љубов: Емотивно сте заинтересирани и отворено го покажувате интересот кон симпатијата.
Здравје: Стабилно здравје.
ДЕВИЦА
Работа: Ве очекува разговор со надредената личност во текот низ кој се жалите на тешкотиите. Другата страна ве охрабрува и верува дека ќе ги решите.
Љубов: Наклонети сте кон сонување и брачниот партнер не го гледате реално.
Здравје: Лоша циркулација.
ВАГА
Работа: Во фаза сте на размислување што би можеле да работите. Имате впечаток дека работата влегла во рутина, а вам ви треба промена.
Љубов: Иницирате сериозен разговор со партнерот на тема заедничко потомство.
Здравје: Проблеми со главата.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате план за соработка врзана со странство. На регуларна работа се е под контрола.
Љубов: Сонувате за идеална врска.
Здравје: Чувајте го здравјето.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ве очекува успех или добивање на нова понуда. Во секој случај се чувствувате задоволно поради работата.
Љубов: Врската нормално се развива, иако имате впечаток дека партнерот е љубоморен.
Здравје: Стабилно здравје.
ЈАРЕЦ
Работа: Ве очекува разговор за нова работа на кој оставате одличен впечаток.
Љубов: Со брачниот партнер ве очекува разговор. Сака да разговара за работата, поточно размислува да го промени, па го интересира вашето мислење.
Здравје: Солидно здравје.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ве очекува краток службен пат и работен состанок на кој нема да се снајдете најдобро. Ќе бидете недоречени, и вашите предлози нема да бидат детални и конкретни.
Љубов: Ако сте слободни, ве очекува ново познанство со личност од странство.
Здравје: Стабилно здравје.
РИБИ
Работа: Ова е еден од најдобрите периоди. Имате многу обврски, уживате во работата и исполнети сте во работна смисла.
Љубов: Бракот е стабилен, но ви недостасува внимание од партнерот.
Здравје: Организмот ви е чувствителен. Внимавајте на здравјето.