Дневен хороскоп за петок, 16 април 2021

ОВЕН

Работа: Преоптоварени сте со обврски на ова поле. Не ви е лесно да донесете нови одлуки.

Љубов: Тежок ви е периодто, па и на полето љубов како да не можете да остварите целосно задоволство.

Здравје: Проверете ја крвната слика.


БИК

Работа: Ќе ви се укаже можност да напредувате. Ќе бидете задоволни од ситуацијата која ќе ја остварите на ова поле.

Љубов: Ненадејно ќе дојдете до проблеми во односот со брачниот партнер. Можни се бурни караници денеска.

Здравје: Водете сметка за срцето.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, добар ден да решите некои проблеми од порано.

Љубов: Нова врска ве очекува, пред вас е прилика на ова поле да ја најдете својата среќа.

Здравје: Проблеми со варење се нагласени.


РАК

Работа: Ве очекува кратко патување кое би можело да ви биде важно.

Љубов: Комуникацијата со партнерот ви е разнишана а вие барате начини некако да ја исправите ситуацијата во која се наоѓате.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.


ЛАВ

Работа: Во некои ситуации се чувствувате беспомошно и тоа ве оптоварува. Не сакате кога работите се случуваат надвор од ваша контрола.

Љубов: Постои дистанца меѓу вас и партнерот. Љубовните проблеми ви се гледаат.

Здравје: Искористете го денот за одмор.


ДЕВИЦА

Работа: Ве очекува период на промени на работното поле, па ќе ви биде потребно време на некој начин да се прилагодите.

Љубов: Враќањето на поранешната љубов емотивно ве потресува. Не сте залечиле некои рани од минатото.

Здравје: Занимавајте се со спорт.


ВАГА

Работа: Важно е да бидете подготвено да дадете се од себе за да се посветите на работата.

Љубов: Потребно е да бидете сосема искрени во односот кон саканата личност ако сакате стабилна врска.

Здравје: Добро се чувствувате и добро сте расположени.


ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекува тежок ден за работа. Пред вас е период во кој ќе имате доста проблеми.

Љубов: Пред вас е шанса да остварите подобар однос со саканата личност, треба само малку повеќе да се потрудите.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува поволен ден во кој ќе бидете задоволни од ситуацијата на работното поле.

Љубов: Ве очекува интересно познанство кое би можело да води до сериозна врска.

Здравје: Спортување ви годи и добро се чувствувате.


ЈАРЕЦ

Работа: Соработка со странство би можела да се приведе кон крај. Ве очекува период полн со предизвици.

Љубов: Ако сте во врска, не ви е лесно со саканата личност да остварите мирна комуникација.

Здравје: Избегнувајте мрсна храна.


ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е да не сте претерано расположени да се занимавате со работните обврски во текот на денешниот ден.

Љубов: Не ви е лесно да покажете чувства затоа што и натаму стравувате да не бидете повредени.

Здравје: Хронични проблеми.


РИБИ

Работа: Точно знаете што сакате кога е во прашање работата и давате се од себе за да ги остварите своите цели.

Љубов: Можно е со саканата личност да имате мали несогласувања, кои би можеле лесно да се решат.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде