Директорот на Шутка негира: Камчев е сам во ќелија и одбива да излегува

Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов ги негира тврдењата дека врз Орце Камчев е вршена тортура и живее во нехумани услови.

„На Камчев редовно му се прават здравствени проверки и тој е добар. Ова се притисоци од одбраната. Како притвореник никогаш не се пожалил на здравјето и редовно ја зема терапијата која му е препишана.“ – рече директорот Андов и додаде:

„Во врска со просторијата тоа е просторија за изолација. Има и помали и поголеми каде има повеќе луѓе. Се отфрлаат шпекулациите дека се врши тортура. Притвореникот не се пожалил на такво нешто.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде