Диpeктopoт на cтатиcтика: “Ако не отвopите вpaта, немој да мислите дека нема да ве попишеме”

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во своето гостување во емисијата „Само вистина“ го откри планот Б на власта за попишување на граѓаните.

Тој истакна дека граѓаните не треба да мислат дека ако не ги пуштат дома попишувачите дека нема да бидат попишани.

-Имате една голема заблуда затоа што мислите ако не ја отворите вратата и одбиете да се попишете дека ние нема да имаме податоци за вас. Не ние нема да имаме целосно податоци за вас.

11 земји на ЕУ прават електронски попис. Ние и сега имаме комбиниран попис дел од податоците за граѓаните веќе ги имаме во регистрите. Ако не се отвори вратата и вие одбиете, ќе ве попишеме ние со податоците кои ги имаме, вели Симовски.

Милошоски: Бараме пописот да се одложи за септември, здравјето на луѓето треба да биде на прво место. Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ бараме пописот да се одложи за септември, а во таа насока Собранието да закаже итна седница за да може да се интервенира во законот за самото одлагање, истакна Антонијо Милошоски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зошто сметаме дека одлагањето е неопходно? Пред се’ од здравствени и епидемиолошки причини цениме дека нема услови да се одржи безбеден и веродостоен попис кој што би дал соодветни и релевантни податоци. Сите држави во регионот, во Европа, ќе набројам неколку, Ирска, Србија, Германија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Романија и многу други ги одложија пописите токму од овие причини затоа што сакаат да го заштитат здравјето на населението, а во подобри услови да одржат попис кој што би дал релевантни податоци. Според нас, човечки и хумано е на толку многу заболени и на превисока смртност, приоритет за имунизација да се даде и да имаат медицинските лица, хронично болните лица и потоа сите други останати. Секој друг редослед или приоритет би значел давање предност на политиката наместо на човечноста во медицината, истакна тој.

Тој порача: „Затоа сметаме дека здравјето на луѓето треба да биде на прво место, а политичките и владините договори да бидат секундарни во овој поглед бидејќи животот нема реприза. Уште еднаш ќе повторам, повикуваме од страна на Владата и владејачкото мнозинство да закажат итна седница за да може законски да се интервенира и да се измени Законот за попис на населението со тоа што ќе се одложи за септември, како најран можен месец за одржување на попис под услов во месеците кои се пред нас да има сериозен и динамичен процес на имунизација“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде