(Видео) Џипот кој го вози Рашковски е на фирма на владин хонорарец

Џипот на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски е во сопственост на газдата на фирмата „ГБЦ Системи“, Игор Христов, кој е владин хонорарец за одржување информатички системи и еден од осомничените за набавката на софтверот за Министерството за внатрешни работи (МВР), објави „360 Степени“.

Според бројот на регистарските таблички, џипот е во сопственост на фирмата „Г.Б.Ц Системи“, регистрирана за трговија на мало со аудио и видео опрема. Нејзин единствен газда, според Централниот регистар, е Игор Христов, кого Рашковски го ангажирал како хонорарец за одржување информатички системи во Генералниот секретаријат на Владата. Тој е и меѓу осомничените за набавката на софтверот.

Целата вест прочитајте ја на „360 степени“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде