Џамбазов доби уникатен подарок: Од кого е подарокот и што пишува во писмото?

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов на својот инстаграм – профил постојано објавува фотографии и кратки видеа од неговиот приватен живот, спомени од минатото, фотографии и пораки посветени на семејството, колегите и пријателите.

Игор не може да помине ниту ден разделен од својата Илина. Маестралниот Џамбазов покрај тоа што е врвен актер и шоумен, се повеќе станува познат и како голем романтичар.

На својот инстаграм – профил Џамбазов се пофали дека добил подарок. Како што може да се види на видеото пред актерот стои една мала зелена кутија, а набрзо во видеото Игор ни открива дека во неа се крие едно мало писмо и две чоколадни бонбони во форма срце.

При посетата на еден познат ресторан во Дојран, келнерот му предал мала кутија на Игор:

„Внатре во оваа кутија најдов едно мало писменце и две срценца, претпоставувам чоколадни, а писменцето вели: „Не постои поголема сила во универзумот како силата на љубовта. Од љубов сме родени за љубов живееме и без неа нема да постоиме. Ви благодариме што ни ја подарувате безусловно. Немој да ги изедеш и двете! Поздрав од двајца струмучани“, пишува во писмото кое Џамбазов го прочита пред своите фанови.

„Едното ќе го изедам сега, а другото ќе го чувам за Илина кога ќе се врати. Струмичанчиња мои кои и да сте ми го разубавивте денот . Тоа се тие мали и ситни нешта за кои вреди да се живее“ – кажа Игор дека уживање во вкусот на чоколадната бонбона

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде