Џафери до пратениците од ДПМНЕ: Нема да ме условувате, фатете се за работа

За утре беше закажана седницата со дневен ред за  интерпелации на двајца министри.

Таа е одложена поради, како што вели Џафери, немање доволно услови за работа.

Џафери ја прекинал координацијата со пратеничките групи бидејќи пратениците од опозицијата го условувале за да обезбедат кворум за работа.

„Јас сум душевно загрижен за здравствената состојба во која се наоѓаме. Прва реакција од ВМРО-ДПМНЕ која согледувајќи ја состојбата понуди решение кое за жал, е спротивно на Деловникот, е од предвидените 30 точки на дневен ред да се одржат 1, 9, 10 и 11, а другите точки да се тргнат од дневен ред. Укажав дека тоа е спротивно на Деловникот, дневниот ред не е слободна волја на Собранието. Укажав дека внесување такво правило е ризично за функционирањето на Собранието и понатаму, не само во овој мандат. Зошто? Затоа што се воспоставува пракса на условување на точките на дневен ред. Вакви услови нема да прифатам зашто се спротивни на Деловникот и на моите убедувања.“ – рече Џафери.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде