Дете помина 1.300 километри поради Роналдо, но тажен го напушти аеродромот во Белград

Репрезентацијата на Португалија во сабота во Белград игра против Србија во натпревар од второто коло во квалификациите за СП.

Португалците вечерва допатуваа во главниот град на Србија, а во центарот на вниманието на аеродромот „Никола Тесла“ се најде Кристијано Роналдо.

Медиумите во Србија пишуваат дека мала група негови фанови биле на аеродромот, а најмногу биле деца кои дошле да се обидат да земат автограм или да се фотографираат со својот идол.

Во центарот на вниманието беше дете со име Борис кој поминал дури 1.300 километри поради својот идол, но на крајот тажен го напуштил аеродромот.

Имено, Роналдо не беше расположен за дружење со фановите и брзо влезе во автобусот и продолжи да разговара со своите соиграчи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде