Детална временска прогноза на УХМР: Интензивни врнежи од дожд и снег

Под влијание на низок воздушен притисок и на влажна и студена воздушна маса од север, денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог.

Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Поради заладувањето, на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Максималните температури денес ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што на околните планини ќе има услови и за повремени врнежи од снег. Максималната температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа од утре следува неколку дневен период на стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди.

Ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец, додека минималните температури на некои места ќе се спуштаат и под нулата, а максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Нов влажен бран од запад се очекува да ја зафати нашата држава во текот на ноќта сабота кон недела, и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде