Денеска заседава Комисијата за заразни болести, ќе има ли нови мерки?

Комисијата за заразни болести денеска ќе има состанок, на кој ќе одлучува за можни нови рестриктивни мерки. Бројките на заразени и на полинати и натаму расте, третиот бран зема се посилен замав.

Во моментов во земјава има само полициски час од 22 до 05 часот. Неколку пати во изминатиот период министерот Венко Филипче напомена дека во моментов нема потреба од нови мерки, меѓутоа останува да се види дали ситуацијата ќе се смени денеска.

Во некои градови ситуацијата е алармантна, односно пополнети се капацитетите на болниците, и од тука не е исклучено да бидат донесени и некои нови мерки.

Во среда почнува масовната имунизација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде