Денеска пристигнува нова пратка вакцини – еве ги деталите

Денеска се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април.

Вакцините со авион ќе стигнат во Софија, а потоа со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.

Кон крајот на април ќе пристигнат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.

Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде