Ден Дончев заработи казна од Антикорупциска во вредност од 150 евра

Антокорупциска го казни поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев со 150 евра.

И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.

-Ги испитувавме ние и другите приливи, но тие податоци мислам дека треба и другите институции да ги проверат, бидејќи ние не можеме од Австралија да ги провериме сите тие трансакции. Затоа предлагам предметот да го затвориме и порекршочна санција да му се изрече на Дончев за неподнесување на финансиска состојба, изјави за Сител, членот на ДКСК Горан Трпеноски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде