Демири бара да му се извинат од ВМРО-ДПМНЕ, го нарушувале имиџот на неговиот бизнис

Енвер Демири испрати демант до ТВ21 откако ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до медиумите во кое обвинуваше дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски седи на маса заедно со дел од нарко-босовите.

„Остро отфрлам било каква вмешаност на моето име и фотографии во врска со полициските акции во Скопје. Јас Енвер Демири сум бизнисмен кој се занимава со бизнис над 20 години и имам пријатели од сите странки.

Последните вести на кои е објавена мојата слика ја нарушуваат  мојата репутација и секако дека ќе го следам законскиот пат за да покренам тужба против оние кои клеветат. Партијата која ги објавила овие материјали треба да се засрами и јавно да се извини.

Изјавувам дека на никаков начин не сум вмешан во ниту еден од споменатите случаи, и не сум во бегство, туку слободно продолжувам да ги вршам дневните активности.

Ги поттикнувам истражните органи да продолжат со истиот интензитет со цел сите оние кои не го почитуваат законот да бидат изнесени пред лицето на правдата.“ – стои во демантот на Демири.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде