Делчевец на таванот во старата семејна куќа пронашол динамит

„На 06.04.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Делчево, М.Ц(67) од Делчево пријавил дека на 03.04.2021 во стара семејна куќа на ул.„Голачка“ во Делчево во таванските простории пронашол 29 прачки динамит и еден запалив конец (фитил). Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево.

Пронајдените предмети се подигнати и предадени на Дирекцијата за заштита и спасување Делчево“, информираат од Полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде