Даниловски: Се уште не сме го достигнале ПИКОТ

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вечерва гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија каде изјави дека врвот на третиот бран треба да го очекуваме за околу две недели, некаде кон средината на април. 

Даниловски смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него којзнае колкав ќе бил бројот на заразени и починати.

Епидемиологот додаде дека нашиот народ не живее здраво и дека токму тоа е една од причините за голем број починати лица.

„Луѓето се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори кои придонесуваат болните да имаат потешка слика“ – рече Даниловски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде