Даниловски: Потребен е викенд карантин

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вечерва гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија каде изјави дека врвот на третиот бран треба да го очекуваме за околу две недели, некаде кон средината на април, како и дека е потребен викенд карантин.

„Потребен е викенд карантин за да се одморат здравствените работници.“ – рече Даниловски на Канал5.

Даниловски смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него којзнае колкав ќе бил бројот на заразени и починати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде