Дали Халанд со овој потег го откри следниот клуб? 📷

Новото раководство на Барселона е убедено дека може да ја добие битката за потписот на Ерлинг Халанд.

Според каталонски „Спорт“ од Барселона веќе ги информирале агентите на Норвежанецот дека тој ќе биде примарна цел на лето.

И покрај финансиските проблеми и високата цена на Халанд, сепак претседателот Лапорта верува дека тој трансфер е неопходен за тимот да направи голем исчекор во квалитет.

Барселона е спремна да продаде некоја од своите ѕвезди за да го финансира трансферот на Халанд, а во меѓувреме напаѓачот со еден потег ги запали социјалните мрежи.

Имено, Халанд почна да го следи Лео Меси на Инстаграм, потег кој медиумите го толкуваат дека го избрал следниот клуб.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде