Дали често се наоѓате во ситуација во кoja доцните 5 минути? Прочитајте неколку совети како да го смените ова

Дали често се наоѓате како доцните 5 минути (или повеќе)? Дали ви станува навика да доцните на состаноци? Доцнењето на работа, на закажан состанок, дури и во приватниот живот, претставува голема непрофесионалност од страна на лицето кое доцни, како и покажување непочит кон оние лица кои доаѓаат точно на време. Доцнењето не влијае само на една или две личности, тоа влијае на имиџот и сликата на цела компанија, која се искривува пред јавноста, и губи од својата професионалност и сериозност.

Дополнително, доцнењето праќа порака дека не се однесувате со почит кон времето на другите луѓе. Да бидете точни, или 5 до 10 минути порано игра голема улога на вашиот имиџ.

Со кого би сакале повеќе да работите – со непрофесионалец кој константно го обвинува часовникот, сообраќајот, или неговиот тесен распоред, или пак со професионалец кој мирно ве чека додека вие пристигнувате, кој е подготвен веднаш да почне со работа?

Еве неколу совети како да се биде точно на време:

Почитувајте го времето на другите. Просто кажано, си должите на себеси, на вашите клиенти, на вашето семејство и пријатели да го почитувате нивното време и да пристигнете точно кога сте кажале дека ќе пристигнете, целосно концентрирани без да ви го одземаат потребното внимание.

Сменете го вашиот фокус. За оние кои хронично доцнат, промената започнува со адаптирање на нивното однесување. Направете точноста да ви биде приоритет, а не случајност. Точноста има потреба од планирање однапред. Напишете си го целиот распоред со сите активности кои ги имате, и секогаш практикувајте го овој начин на работа се додека не ви стане рутина.

Избегнувајте презафатеност. Ако сте личност која има премногу закажани состаноци во еден ден или личност која и е тешко да каже не, ова однесување може да биде извор на доцнење, едноставно поради презафатеноста. За жал, најдобрите намери не се изговор за доцнење, посебно кога другата личност не била информирана за вашата неспособност да бидете на време. Многу е полесно да го реорганизирате вашиот дневен распоред, со цел да добиете повеќе пауза да се подготвите за следните состаноци што ги имате на дневна база.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде