Д-р Беќаровски: Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе

Откако вчера беше објавено дека владииците Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина, откако добиле позитивен тест на ковид-19 на фејсбук се огласи докторот Нико Беќаровски.

„Да се лежи од 23 март во приватна болница од “превентивни причини” е одраз на “христијанска скромност” на нашите владици.


Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе.

ЗАКЛУЧОКОТ ДОНЕСЕТЕ ГО САМИ
Јас ќе му посакам што побрзо КОМПЛЕТНО оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници.“ – напиша Беќаровски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде