Црна ковид статистика: Почина 23 годишна девојка, голем број и на новозаразени

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.347 нови случаи на коронавирус, 17 лица починаа, а оздравеле  451 лице, соопшти Министерството за здравство.

Како што стои во соопштението починатите биле на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Како што дознава КУРИР, најмладата жртва е скопјанка која неодамна била заразена со коронавирус.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде