Циркус во Собрание: Пратеничка од СДСМ со микрофон се шеташе низ салата, Мицевски ја прекинуваше, пратеници тропаа по масите, Џафери повика обезбедување

Талат Џафери, претседателот на Собранието мораше да повикува обезбедување, по реакцијата на пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува ТВ21.

Тензијата се случи откако Мицевски отиде до пратеничката Даниела Марковска, која, пак, со микрофон се шеташе низ салата во Собранието за да не и го земе Мицевски.

Мицевски реагираше вака, затоа што претседателот не му дал процедурално да се изјасни. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека тоа право му следува по Деловникот, а не да добиваат збор други пратеници.

За тоа време дел од пратениците, повеќето од ВМРО-ДПМНЕ тропаа по клупите.

Мораше да реагира и Џафери и да повика обезбедување. Меѓутоа набрзо тензијата се смири, а пратеничката Марковска продолжи со обраќањето.

Еве како изгледаше сето тоа низ видео:

Текст и видео: Тв21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде