Цеца потврди: Да, ја добив Карлеуша на суд

Српската музичка sвезда Цеца Ражнатовиќ ексклузивно за српските медиуми потврдила дека го добила судскиот спор против Јелена Карлеуша.

Пејачките повторно се сретнале вчера, 22 март, во Првиот основен суд во Белград, за кога било закажано рочиштето.

„Да, точно е, го добив“, одговорила Цеца на прашањето дали е вистина дека го добила спорот против нејзината естрадна колешка.

Да потсетиме, претходното рочиште се одржа на 12 март, само десет дена порано.

Инаку, Цеца на претходното рочиште се појави во скапоцено издание, а комплетниот стајлинг чинел околу 7.000 евра.

Двете пејачки постојано беа на суд заради меѓусебни обвиненија за најразлични клевети и изјави во медиумите.

извор: Локално

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде