Чеферин: Заспивав со виски, ветив дека за 24 часа Суперлигата ќе биде мртва

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин излезе како голем победник во „војната“ против формирањето на Суперлигата.

Тој истакна дека добивал пораки од многу загрижени клубови, па ветил дека за 24 часа ќе исчезне тој проект.

„Во неделата морав да земам виски за да заспијам. Во вторникот добив 3.800 пораки на кои не успеав да одговорам. На клубови кои беа загрижени поради Суперлигата им кажав да ми дадат 24 часа и дека таа повеќе нема да постои. Се јавив на неколку места, но најважното го направија навивачите“, изјави Чеферин.

Словенецот демантираше дека им дал мито на англиските клубови да излезат од Суперлигата.

„Од каде ми се милијарди за да ги понудам на англиските клубови? Исто така, да им дадев пари, немаше да се извинат. Знаат добро дека згрешија“.

На крајот Чеферин истакна дека клубовите треба да се извинат и додатно ќе се одлучува за нивните казни и дали ќе им биде дозволено да играат во Лига шампиони следната сезона.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде