Чеферин потврди: Кој што игра во Суперлига, не може да игра во репрезентација

Претседсателот на УЕФА, Александар Чеферин потврди дека играчите од Суперлигтаа нема да можат да играат за репрезентации.

Тоа значи дека играчите нема да можат да играат на Европско првенство и на Мундијал.

„Од овој момент УЕФА и фудбалскиот свет се обединети во борбата против себичниот проект покренат од неколку алчни клубови. Ќе се бориме против овој бесмислен проект. Играчите кои ќе играат во Суперлигата нема да можат да играат на Европско и Светско првенство“, изјави Чеферин.

Ова значи дека квалитетот на Европското и Светското првенство ќе биде значително ослабен, па и интересот кај публиката значително ќе се намали.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде