Чадиковски се огласи за можната кандидатура за градоначалник на Град Скопје

Доктор Чадиковски преку Твитер вели дека го сака својот град и не би сакал да го води човек како него кој пак е стучен за друго.

„Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес“, напиша Владимир Чадиковски на Твитер.

Инаку, претходно ТВ21 пренесе дека Владимир Чадиковски е можен иден кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде