Caгата не е завpшена: На Ѓоковиќ ќе му биде забранет влез во Австралија на три години доколку министерот за имиграција и државјанство ја откаже визата

Одлуката на федералната влада да му ја укине визата на светскиот тениски број 1, Новак Ѓоковиќ, беше поништена во Федералниот суд – но судбината на суперѕвездата за учество на Австралија Опен останува во неизвеснот.

34-годишниот Ѓоковиќ пристигна во Австралија доцна во средата откако изјави дека има медицинска причина да не се вакцинира против Ковид-19.

Ѓоковиќ беше одведен во имиграциски притвор откако му беше откажана визата во четвртокот рано наутро.

Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ покрена случај до Федералниот суд за поништување на одлуката на австралиската влада, а судот донесе одлука во корист на Ѓоковиќ.

Судијата Ентони Кели донесе одлука српската суперѕвезда да биде ослободена од притвор во рок од 30 минути. Тој рече дека одлуката на Владата за укинување на визата е поништена и владата ќе ги плати трошоците.

Меѓутоа, советникот на Комонвелтот, Кристофер Тран, рече дека министерот за имиграција и државјанство сепак може да ги искористи своите лични овластувања да ја откаже визата без оглед на одлуката на Федералниот суд.

Доколку тоа се случи, судијата Кели вели дека на Ѓоковиќ ќе му биде забранет влез во Австралија на три години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде