Бугарските европратеници ја споредија Македонија со Северна Кореја

Бугарското вето за Македонија доминираше во дебатата за годишниот извештај за Македонија во Европскиот Парламент. Известувачот Кучук уште на самиот почеток посочи што треба да направи Скопје за да ги почне прегoворите, пренесува Сител телевизија.

На ова се надоврза и комесарот за проширување Врахеји. Тој ги повика двете страни постигнат компромис, но и да се воздржат од провокации.

Меѓутоа дебатата продолжи токму во таа насока. Бугарските европратеници изнервирани од своите колеги од групата на Социјалистите и Зелените кои предложија амандмани кои се осудува антимакедонската реторика, упатија низа навреди, обвинувајки ја Македонија за дискриминација кон бугарското малцинство, смртните закани кон Гавранлиев, историски фалсификат.

Ваквото однесување е неодговорно им порача пратеничката Фајон, која стои зад предложените амандмани. Со ист став излегоа и други европратеници.

Дел од европратениците побараа ЕУ повеќе да се вложи во регионот, особено во времево на корона кризата која ја користат Русија и Кина за да се наметнат во земјите од Западен Балкан.

Извор: Сител

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде